Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес, Стоилов и Поповски денес ќе тестираат со Србија во 18 часот, пренос на Телма
Гонзалес, Стоилов и Поповски денес ќе тестираат со Србија во 18 часот, пренос на Телма

Гонзалес, Стоилов и Поповски денес ќе тестираат со Србија во 18 часот, пренос на Телма

Македонската ракометна репрезентација вчера  имаше успешна контрола на првиот меч, како подготовка за Европското првенство  во Хрватска. Избраниците на Раул Гонзалес вчера убедливо ја совладаа селекцијата на Саудиска Арабија (37:21).

Дел од репрезентацијата се и двајца играчи од редовите на Вардар,  Поповски и Стоилов. Десното крило на Европскиот шампион, Поповски одигра одличен меч постигнувајќи четири голови, кој беше трет најдобар стрелец веднаш после Талески и Ојлески.  Капитенот Стојанче Стоилов  на овој “тест“ беше стрелец на два гола. Двајцата играчи и нашиот тренер Раул денес ги очекува нов предизвик, Србија.

Вечерва го играме вториот и последен контролен натпревар, овој дуел се игра во  18-00 часот. Пренос од истиот ќе врши ТВ Телма, телевизија која ќе го пренесува првенството од Хрватска.

Свои мечеви денес имаат и другите вардарци, Жоан Кањелас со Шпанија игра пријателска со Белорусија во 19-00 часот. Триото Чупиќ, Циндриќ и Карачиќ ќе “тестира“ со Црна Гора во 20-30 часот.