Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Поранешен играч на бразилскиот гигант Васко де Гама, Силва (23) ќе биде ново засилувања на Вардар
Поранешен играч на бразилскиот гигант Васко де Гама,  Силва (23) ќе биде ново засилувања на Вардар

Поранешен играч на бразилскиот гигант Васко де Гама, Силва (23) ќе биде ново засилувања на Вардар

Поранешен фудбалер на бразилскиот гигант Васко де Гама, Jаго Силва (23) ќе биде ново засилување на најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар во зимскиот преоден рок.

Станува збор за фудбалер кој е исклучително брз и игра на позиција крило, но може да помогне и во средниот ред и во таборот на црвено-црните доаѓа да ја пополни дупката која на крилната позиција се отвори по заминувањето на Грузиецот Јамбул Џигаури, стрелецот на клучниот гол во Истанбул против Фенербахче со кој Вардар осигура историски пласман есеноска во групната фаза во Лига Европа.

Jаго Силва има 23 години, висок е 172 сантиметри, поливалентен играч е затоа што може да одговори на неколку позиции, дури и како втор напаѓач и би требало да биде големо засилување за македонскиот шампион, кој пролетната полусезона ќе ја започне со осум бода негатива во однос на лидерот Шкендија. Тој со Вардар ќе потпише договор на шест месеци со опција да го продолжи истиот за уште една година.

продолжи со читање на sport1.mk