Кадетките на Вардар Јуниор се есенски шампиони во групата 2 од кадетската лига. Избраничките на Драгана Пецевска-Ристова го финишираа овој дел од сезоната на првото место на табелата. Тие заедно со екипата на Куманово имаат идентичен број на освоени бодови, или вкупно 16, но поради подобрата гол разлика, црвено-црните завршија како прво пласирани. Одигравме шест натпревари, на кои забележавме пет победи и еден нерешен резултат и тоа токму во дуелот со Куманово. Вардар Јуниор може да се пофали и со најдобрата одбрана, прими 111 голови, додека располага со втор најефикасен напад, каде на шест натпревари постигна 202 голови.
Ова се сите постгнати резултати на кадетките во есенскиот дел од сезоната:
1 коло: Вардар Неготино - Вардар Јуниор 16:32
2 коло: слободни
3 коло: Вардар Јуниор – Куманово 26:26
4 коло: Овче Поле – Вардар Јуниор 21:37
5 коло: Вардар Јуниор – Велкова 5 35:14
6 коло: Делчево – Вардар Јуниор 18:36
Најдобар стрелец за кадетките на Вардар Јуниор во есенскиот дел е крилото Мирјана Петковска, која успеа да постигне 43 голови. Второто место го држи Седлоска, додека третото е за уште еден крилен играч, а тоа е Ѓорѓиевска. Ова се ракометарките кои успеаа да се запишат во листата на стрелци:
1. Мирјана Петковска 43
2. Андреа Седлоска 33
3. Стефанија Ѓорѓиевска 28
4. Стефанија Софтовска 22
5. Ана Марија Коларовска 15
6. Ангела Гроздановска 14
7. Сара Миновска 8
8. Ангела Костовиќ, Ана Изабел Гонзалес по 7
9. Катерина Дамјановска 6
10. Марија Галевска, Јана Донева по 5
11. Ива Јаковчевска 4
12. Магдалена Наскоска 3
13. Јана Арсовска 2
Кај голамните во кадетската лига од три колку што ги има на располагање Драгана Ристова “користеше“ две и тоа: Симона Грујовска и Јована Трајкоска. Двете беа фантастични често беа “мотор“ на победите на својот тим. Одличната Симона Грујовска забележа успешни 37 одбрани, а фантастичната Јована Трајкоска имаше 31 успешна интервенција. Односно двете имаа над шест интервенции во просек на секој дуел односно околу над 13 одбрани заедно по натпревар.
Истовремено кадетките на Вардар Јуниор настапија на два силни турнири, натпреварувајќи се со повозрасни екипи. На турнирот во Метковиќ завршивме на третото место, додека во Белград бевме седмопласирани.
ЖРК Вардар Јуниор: Голмани: Симона Грујовска, Јована Трајкоска, Ивана Станчева
Бекови: Ангела Гроздановска, Ангела Костовиќ, Марија Галевска, Стефанија Софтовска, Ана Изабел Гонзалес, Ангела Цветановска, Андреа Седлоска, Ана Марија Коларовска, Теодора Ѓошевска, Јана Донева
Пикери:Катерина Дамјаноска, Јана Арсовска, Ивана Џатевска
Крила: Мирјана Петковска, Ива Јаковчевска, Стефанија Ѓорѓиевска, Сара Миновска, Магдалена Насковска, Лилија Ивановска.