Раул Гонзалез го скрати списокот, тој однесе 17 играчи во Романија од кој 16 се во официјалниот состав, очекувано во истиот има место за двајцата вардарци Столе Стоилов и Мартин Поповски. Нашите играчи на првиот дуел постигнаа четири гола, капитенот на Вардар даде три, а крилото еден.
Дуелот се игра со почеток во 17-30 часот, од истиот може да се гледа пренос во живо на телевизија Телма. Нашите момци ќе се обидат да се придружат на вардаровото трио од руската селекција, Дибиров-Шишкарев-Горбок кои веќе се пласирани на Светското првенство во Германија и Данска. Покрај нив повеќе од сигурно пласман ќе има и Хрватска, каде игра нашиот среден бек, Игор Карачиќ. Македонија носи голема предност од осум гола од првиот дуел за која се надеваме дека е доволна.