Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Дербито Вардар – Металург ќе го пренесува ТВ Телма

Дербито Вардар – Металург ќе го пренесува ТВ Телма

Mакедонскот ракометно машко дерби помеѓу нашиот РК Вардар и ривалот од Автокоманда тимот на РК Металург се игра утре, четврток. Овој натпревар што веројатно ќе го реши и идниот шампион  на Република Македонија ќе може да се следи низ директен пренос на телевизија Телма.

Претходно натпреварот  беше закажана за 19-00 часот, а потоа на барање на ТВ Телма е сменет во 20-30 часот заради можноста да се пренесува во живо овој дуел. Ова е втор дуел во лигата, првиот  меѓусебен дуел заврши со победа на тимот на Металург со 29-26. Телма во иднина во договор со Федерацијата  ќе ги пренесува сите домашни мечеви од нашиот шампионат и натпреварите  на националниот состав на црвено-жолтите.