Вардар како и секоја година атакува како лидер на табелата да замине на Фајнал 4 турнирот од СЕХА Газпром лигата. Утре, среда, со почеток во 20-15 часот во СЦ „Јане Сандански” нашите момци ги очекува дуел против екипата на Извиѓач. Вардарци се фаворити против тимот од Босна и Херцеговина кој е “залепен“ за дното на табелата и се очекува да настапат во комбиниран состав.
Од овој натпревар ќе може да се проследи директен пренос на Македонската телевизија со почеток во 20-10 часот. Националниот радио и телевизиски сервис, дуелот ќе го пренесува на својот прв програмски канал.