Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Лира и Набуезе нема да настапат утре
Лира и Набуезе нема да настапат утре

Лира и Набуезе нема да настапат утре

Тренерите на Вардар и Победа се соочуваат со проблеми пред утрешниот натпревар. Имено, поради директен црвен картон на натпреварот против Силекс, утре напаѓачот Лира нема да може да им помогне на своите колеги кај Вардарци. Од друга страна, кај тимот на Победа, нема да биде во комбинација нивниот најдобар играч и стрелец, Кириан Набуезе, за кој заврши есенскиот дел од сезоната.

Покрај Набуезе, во тимот на Победа поради пет жолти картони ќе го нема ниту Бурхан Мустафов, кој ќе мора да паузира еден натпревар.

Дуелот на Вардар и Победа се игра утре со почеток од 13.00 часот.