Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > МТВ ќе врши директни преноси од мечевите на Вардар во Задар
МТВ ќе врши директни преноси од мечевите на Вардар во Задар

МТВ ќе врши директни преноси од мечевите на Вардар во Задар

Натпреварите на завршниот турнир во СЕХА-лигата за тимот на Вардар, ќе бидат пренесувани на МТВ.

Деветта година по ред, вардарци успеваат да се пласираат на Ф4 турнирите во ова натпреварување, а дали ќе успееме да го освоиме и шесттиот трофеј ќе дознаеме во периодот од 4-6 септември кога во Задар ќе се одиграат завршните мечеви за натпреварувачката сезона 2019/20.

Во полуфиналето, кое на програмата е во петок, Вардар за противник го има тимот на ППД Загреб, меч кој ќе стартува од 20:30 часот, додека претходно од 18:00 ќе се сретнат екипите на Веспрем и Брест Мешков.

Во зависност од исходот против Загреб, во недела ќе играме или финале или за трето место. Гледајте ги дуелите на Вардар, со директни преноси на МТВ.