Конечно, кадетскиот состав после прекинот на првенството во март месец поради пандемијата ќе го одигра првиот натпревар. Тимот на Анжела Платон и Марија Папуџиева ќе се сретна со екипата на РК Спартак.
Кадетскиот состав на ЖРК Вардар ќе одигра гостински дуел со сениорската екипа од Кисела Вода, мечот е закажан за денес, вторник. Дуелот кој ќе се одигра во спортсаката сала „Круме Кепевски“ во К.Вода е закажан со почеток во 21:00 часот. Првиот тим на црвено-црните минатата среда го совлада Спартак со 37:22, денес младите вардарки ќе имаат прилика да се сретнат со овој противник.