Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Алушовски: Игравме без енергија, резултатот е реален
Алушовски: Игравме без енергија, резултатот е реален

Алушовски: Игравме без енергија, резултатот е реален

Вардар не успеа да ја сруши лошата традиција, што се однесува до гостувањата кај екипата на Киелце. Црвено-црните го загубија дуелот во Полска со резултат 36:29, втор последователен во дуелите со овој противник.

На прес-конференцијата, Алушовски ја честиташе победата на противникот, истакнувајќи дека ова е реален резултат.

Сакам да му честитам на тимот на Киелце и на Душебаев за втората победа над Вардар во седум дена. Загубивме две средби. Во првиот дел почнавме доста добро, но имавме проблем со брзата транзиција посебно во вториот дел од првото полувреме, а тим како Киелце кој во овој момент можеби е најдобриот во светот кога се говори за транзиција, знаеше како да не казни. Во вториот дел се обидовме со седум на шест, имавме и проблеми да организираме квалитетен напад. Во одбрана игравме без енергија, посебно кога бевме во ситуација еден на еден. На крајот, ова е реален резултат, истакна Алушовски.