Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > Uncategorized > Нови термини за натпреварите во ЛШ против ПСЖ и Порто
Нови термини за натпреварите во ЛШ против ПСЖ и Порто

Нови термини за натпреварите во ЛШ против ПСЖ и Порто

Вардар 1961 ќе го одигра својот заостанат натпревар од ЕХФ лигата на шампионите против ПСЖ на 1 декември 2020 во Париз. Клубовите во соработка со ЕХФ договорија нов термин, откако претходно средбата беше одложена поради два случаи на заразени членови на Вардар, а беше планирана за крајот на октомври.

Со тоа ќе одиграме еден од трите одложени натпревари. Останува да се договорат дополнителните термини за дуелите со Елверум во Скопје и ПИК Сегед во Унгарија кои исто така беа одложени на почетокот на сезоната.

Истовремено направена е промена и на терминот за средбата со Порто, исто така гостински натпревар што сега ќе се одигра на 4 декември. Овој меч првично беше планиран за 3 декември. Но, откако беше договорено дека прво Вардар 1961 ќе игра во ПСЖ на 1 декември, договорено е средбата во Португалија да биде поместена за 1 ден.

1 декември 2020 (вторник)
ПСЖ – Вардар 1961 (18,45 ч.)

4 декември 2020 (петок)
Порто – Вардар 1961 (20,45 ч.)