Во сабота на Националната Арена „Тодор Проески“, екипата на ФК Вардар е домаќин на Академија Пандев, на натпревар од 13.коло во ПМФЛ.
ФФМ ги делегираше судиите за овој дуел, а можност да ја дели правдата ја доби Ѓоргиев Крумислав од Штип. Негови помошници ќе бидат Џонов Кристијан (Штип) и Тефику Ндерим Милошески (Куманово).
Натпреварот ќе стартува од 13:00 часот, на кој Вардар ќе се обиде да стигне до петтиот сезонски триумф.