Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Листи: Трпевска суверена на врвот кај стрелците, „дежа ву“ кај голманите, Грујовска прва
Листи: Трпевска суверена на врвот кај стрелците,   „дежа ву“   кај голманите, Грујовска прва

Листи: Трпевска суверена на врвот кај стрелците, „дежа ву“ кај голманите, Грујовска прва

Во женската Супер ракометна сениoрска лига се одигра 13.коло, по кое одиме на зимска пауза со 28.бода. ЖРК Вардар одигра 12.меча, победивме на 9.дуели, одигравме херојско реми со лидерот Куманово и забележавме два пораза, но на гостински терен кај силни противници.

d111

Девојките на Ристова Драгана и Александар Царчев одигаа повеќе од солидна есен, оваа полусезона влеговме со целосно изменет лик на бековската линија со замена на седум имиња. Тимот се вклопуваше во од, дојдоа нови девојки, а и се прекомандуваа три кадетки во екипата кои покажаа квалитет и потврдија дека е вистински потег на раководството на клубот.

d444

Постигнавме 415.гола или неверојатни 34,50.погодоци во просек успевавме да дадеме оваа есен. Одбраната заедно со одличното голманско трио дозволи само 253.гола во нашата мрежа. Имаме просек околу 21,09 примени голови по дуел, што е показател дека одбраната е силата на црвено-црните.

Кај листата на стрелци, интересно е што тенденцијата која беше при првиот пресек кој го правевме по 4.кола за време на ЕХФ-неделата остана до крајот на сезоната.  Идентичен е распоредот на стрелците тогаш и сега на првите 9 позиции освен на седмата, каде со одличен прогрес се проби Фани Ѓорѓиевска.

d2

Трпевска Ивона е суверен лидер на оваа листа, таа има 13.гола повеќе од второпласираната, капитенот Диневска. „Трпе“  беше двоцифрена на мечот со Ѓорче кога погоди 10.пати. Диневска Бојана оваа сезона игра одлично, капитенски често е клучна во создавањето на разлика во почетниот дел од дуелите. Миновска Сара презема доста одговорност оваа есен, далеку повисок број на голови има од изминатите сезони. Особено блесна кај Стружанка, на тоа гостување погоди 9.пати од кој 7 гола од 44та до 57.минута кога се кршеше победникот. Галевска Марија доста труд има вложено  на централната позиција во тимот, посебно добро ги одигра дерби дуелите со Чаир и Куманово кога погоди по 6.пати а делеше и асистенции. Веднаш зад нив се пикерското дуо Џате-Кате, позиција која во вардаровиот тим секогаш на сите дуели е на ниво. Дамјановска Катерина и Џатевска Ивана на секој дуел на кој настапиле имаат погодено.  Костовиќ игра константно распоредувајќи ги погодоците речиси идентично од коло во коло. Одлични постигнувања имаат 4те девојки кои оваа сезона им е прва во црвено-црниот дрес: Попова Јасмина, Стефаноска Сара, Стојановска Михаела и Лазаровска Михаела. Особено прогресот на младата Стефаноска радува која на дербито со Чаир погоди дури 7.пати, а Лазаровска под водство на Ристова има напредок кој е очигледен.

d9

Листа на стрелци есенски дел ЖРК Вардар:

1.Трпевска Ивона 63 гола

2. Диневска Бојана 50 гола

3.Миновска Сара 43 гола

4. Галевска Марија 41 гола

5. Дамјаноска Катерина 34 гола

6. Ивана Џатевска 28.гола

7.  Стефанија Ѓорѓиевска 27.гола

8.Костовиќ Ангела 23.гола

9.  Попова Јасмина 20.гола

10/11. Стефаноска Сара 19.гола

10/11.Лазаровска Михаела 19. гола 

d4

12. Стојановска Михаела 16.гола

13. Јаковчевска Ива 12.гола 

14. Цветановска Сања 5 гола

15/16. Коцева Бојана 4 гола

15/16.Васевска Златица 4 гола

17/18. Стаменкова Теодора 3 гола

17/18.Паковска Јана 3.гола

19. Тошевска Магдалена 2.гола 

Пулените на Александар Царчев, голманското трио на црвено-црните дојде до 168.одбрани на досегашните 12.меча. Повторно како и секогаш нивната бројка е близу  40% вкупно одбранети удари во лигата. Тие во просек имаат 14 одбанети удари по одигран дуел.  Сумарно  на сите 12 меча тие сопреле одлини 39,90% упатени топки кон нашиот гол.

d5

На листата како и при секој пресек, „дежа ву“ повторно во   водство е Грујовска Симона. Најмладата од триото има 16 повеќе од колешката зад неа. Најдобар дуел оваа сезона и беше со Металург кога фати фантастични 17.удара. На втората позиција е   Илиќ Андреа, најдобар меч имаше со Гевгелија кога беше двоцифрена со 10.одбрани. На третто место се наоѓа Трајкоска Јована која со Пелистер имаше блескав перформанс кога сопре 15.удари за едно полувреме. Поради здравствени причини таа пропушти неколку дуели и имаше помалку натпревари од останатите.

Листа на одбранети удари кај голманите: 

ddddddddddd

1.Симона Грујовска 79.одбрани

2.Андреа Илиќ 63.одбрана

3.Јована Трајкоска 26.одбрани