Фудбалерите на Вардар минатата недела се вратија со три бода од Велес, откако во супер финиш го победија домаќинот Борец со 0:2.
Иако Вардар победи, сепак тимот доживеа еден проблем. Еден од најдобрите играчи во актуелниот тим, Мартин Мирчевски се здоби со повреда на мускулот и мораше да биде заменет на стартот на вториот дел. Лекарските прегледи утврдиле дека се работи за полесна повреда и дека фудбалерот ќе мора да го пропушти следниот натпревар, а тој е во сабота во Скопје против тимот на Академија Пандев.
Ова значи дека скоро па сигурно Цветаноски и Попзлатанов ќе делуваат по крилните позиции во сабота, а Петковски ќе биде најистурен во нападот кај нашиот тим.
Дуелот на Вардар и Академија Пандев во сабота започнува со почеток од 13.00 часот.