Saturday ,27 July 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Брегалница е следен противник за младинските екипи на ФК Вардар
Брегалница е следен противник за младинските екипи на ФК Вардар

Брегалница е следен противник за младинските екипи на ФК Вардар

Екипата на Брегалница е следен противник за младите надежи на ФК Вардар, во рамките на 5.коло во младинските лиги.

Пионерските екипи во сабота ќе гостуваат во Штип на екипата на Брегалница. Натпреварите ќе се одиграат на Игралиштето во н.Леваци. Дуелот на помладите пионери стартува од 10:00 часот, додека на пионерите од 12:00 часот.

Помладите пионери на Вардар после четири одиграни кола имаат 12 бодови, додека Брегалница има 4 бода. Вардаровите пионери со 6 бодови се наоѓаат на седмата позиција, додека Брегалница има само 3 бода.

Во недела на Академија, кадетите и младинците во истите саатници се домаќини на Брегалница.

Кадетите на Вардар се лидери во лигата со максимални 12 бодови, додека Брегалница има 4 бода. Во младинската лига, Вардар е трет со 8 бодови, додека противникот се наоѓа на шесттото место на табелата со 6 освоени бодови.