Голманот на РК Вардар, Борко Ристовски во емисијата „Вар во Офсајд“ помеѓу другите теми објасни дека пред сезонава црвено-црните биле на раб од згаснување. Потенцираше дека доколку сегашниот претседател Михајло Михајловски не прифатил да помогне, Вардар ќе згаснел и немало да има никаков ракомет машки во Македонија.
„Треба да сме свесни дека клубот беше на едно ниво минус пет, а сега сме на ниво 3,4 ако врвот е 10. Од година во година верувам дека клубот ќе расте, ќе се носат секоја година по две-три квалитетни засилувања. За 2-3 години ќе се врати на стариот пат…