Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Ни требаат овие два бода ако сакаме да бидеме второ место на крај во оваа група – Лазаров: Време е да се вратиме на победите
Гонзалес: Ни требаат овие два бода ако сакаме да бидеме второ место на крај во оваа група – Лазаров: Време е да се вратиме на победите

Гонзалес: Ни требаат овие два бода ако сакаме да бидеме второ место на крај во оваа група – Лазаров: Време е да се вратиме на победите

Денес ракометниот клуб Вардар одржа прес-конференција, по повод натпреварот против Колдинг во лигата на Шампионите. На денешниот прес пред медиумите се обратија тренерот Гонзалес и капитенот Лазаров. Двајцата ја истакнаа важноста на овој меч. Раул напомена дека и покрај неколкуте повредени играчи, мора да собереме сили и да победиме на овој дуел.

-Играме со Колдинг, за нас ќе биде многу важен натревар, ни требаат овие два бода ако сакаме да бидеме второ место на крај во оваа група. Сега имаме многу притисок, треба да напаѓаме подобро, зашто Колдинг има многу добра одбрана, секогаш користат контранапад и затоа треба да бидеме безгрешни во нападот. Имаме многу потешкотии со играчите, неколку се повредени. Попладне ќе тренираме и ќе анализираме видео тренираме па ќе видиме кој ќе може да игра. Карачиќ нема тренирано 10 дена, Македа исто е повреден, Шишкарев имаше температура и Брумен и Тоскиќ имаат проблем, ама ќе видиме попладне. Мора да бидеме подготвени и мора да победиме, рече Раул.

Лзаров повика на претпазливост, нагласувајќи дека Колдинг игра добро и дека не е аутсајдер.

-Не очекува натпревар со Колдинг, натпревар на кој треба да се вратиме на победите во ЛШ по три порази што несреќни, што заслужени. Малку заостануваме на табелата и затоа ни требаат овие бодови за да се одржиме горе на што повисоко место. Со Колдинг нема да биде лесно прво затоа што имаме повредени играчи во нашиот тим, второ поради сѐ подобрите игри на Колдинг. Водеа со Барселона со 8-1, во Кјелце водеа до пет минути до крајот, има неколку одлични партиии и затоа максимално сериозно треба да пристапиме за да го завршиме со победа овој есенски дел од сезоната, изјави Лазаров.