Saturday ,04 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Против Работнички по заверка на есенската титула!

Против Работнички по заверка на есенската титула!

Ги забораваме сите лоши игри и оваа година од Купот на Македонија, и се насочуваме целосно кон најважниот пехар оваа година, титулата во ПМФЛ, што значи и повторно излез во Европа. Остануваат уште две кола до крајот на есента во ПМФЛ. Доколку ФК Вардар во сабота победи на гости кај Работнички, и теоретски ке ја освои есенската титула. Натпреварот против Работнички ќе се одигра во 13 часот во сабота во Велес.

Славјето на есенската титула пак, е закажана за среда на домашен терен, против кратовски Силекс, исто така во 13 часот. Се надеваме дека ФК Вардар ќе донесе победа и на двата завршни натпревари.