ЖРК Вардар Јуниор го надигра тимот на ПАОК, во вториот контролен натпревар одигран на овие две екипи. По нерешениот резултат 27-27 вчера, денеска нашите млади девојки во СЦ. Јане Сандански усепаа да запишат победа од 31:25
Ова беа успешни две контролки на ЖРК Вардар Јуниор, најефикасни во редовите на нашиот тим беа: Наташа Нолевска со седум гола, пет постигна Маја Трпковска, а одличен меч имаа денеска и голманките, Драгана Петковска и Нина Ладева.
Фото: zrkvardar.com.mk