Во недела, Европскиот ракометен шампион ќе го одигра последниот натпревар во рамките на најсилната група А. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Висла Плок, која мора да ја совладаме доколку сакаме директно да се пласираме во четвртфиналето. По тој повод, клубот во петок ќе одржи прес-конференција, на која ќе ги изнесе своите очекувања за овој дуел. Истата ќе биде отворена за медиумите и ќе започне од 11:30 часот.
Натпреварот во недела против Висла ќе започне од 17:00 часот. Дојдете во Јане Сандански да го бодриме Европкскиот шампион.