Monday ,02 December 2024
Последни:
Home > Интервјуа > Јани Лазов: “Јуниор“ лигата ни помага да се изградиме како личности и да се стекнеме со потребното искуство на теренот
Јани Лазов: “Јуниор“ лигата ни помага да се изградиме како личности и да се стекнеме со потребното искуство на теренот

Јани Лазов: “Јуниор“ лигата ни помага да се изградиме како личности и да се стекнеме со потребното искуство на теренот

Повеќе од 23 ракометни школи низ цела Македонија и оваа сезона се натпреваруваат во “Јуниор“ лигата и се борат за највисок пласман на крајот од сезоната. Исто така  ја имаат шансата да се докажуваат и да ги надоградувааат своите знаења преку континуираните натпревари во оваа лига. Дел од овој проект е и ракометната школа Карпош од Куманово за која настапува Јани Лазов. Тој игра за генерацијата родени 2004/05 година и ќе не запознае со нејзините почетоци во ракометот, како и за настапите и мислењето за “Јуниор“ лигата и освоеното прво место на турнирот, кој во месец јануари беше во организација на Вардар.

-Желбата за ракомет дојде од еден мој другар кој започна со ракометот. Пробав многу спортови но не успеав да се пронајдам ниту во еден од нив, но во ракометот почувствував нешто поинакво, поразлично од другите спортови. Во школата сум две години и првите тренери кои ме научија на основите во ракометот се Миодраг Јовановски, Александар Јанчиќ и Љубиша Димковски.

Втора сезона по ред, ракометната школа, Карпош од Куманово е дел од “Јуниор“ лигата. Јани е задоволен од организацијата на овој проект, лига која им овозможува да се стекнуваат со искуство за време на одигрувањето на натпреварите.

-Ова ми е втора сезона во “Јуниор“ лигата и овој проект пред се ни помага да се изградиме како личности и да создадеме нови пријателства, а потоа и да се стекнеме со искуство на теренот. Организацијата е одлична, а лигата ни помага од натпревар во натпревар да учиме на нашите грешки за во иднина да не се повторат.

На четвртото издание на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, РК Карпош успеа да го освои првото место, откако во големото финале ја совладаа екипата на Бисинов. Претходно во полуфиналето беа подобри од РК Илинден. Заслужено трофејот замина во рацете на кумановчани, кои на пет одиграни натпревари имаа исто толку победи.

26734259_1566671140046393_4313039628218670043_n-660x330

-На зимскиот турнир и покрај тоа што имавме два тешки натпревара во еден дем успеавме да стигнеме до златото против противник кој минатата година успеа да не запре во полуфиналето. Во финалето не игравме најдобро. Имавме многу технички грешки. Но среќата беше на наша страна и успеавме да го совладаме противникот. Највпечатливо според мене покрај натпреварите во “Јуниор“ лигата е стекнувањето нови пријателства и дружбата помеѓу натпреварите. Нашите тренери Наташа и Миодраг секогаш гледаат да не советуваат и покрај тоа како да се однесуваме на теренот, да знаеме и да се однесуваме надвор од него. Ни помагаат и за училиштето, но и за приватниот живот кога помошта ни е потребна.

Јани има повеќе желби, а една од нив за оваа натпреварувачка сезона е неговиот тим да ја освои “Јуниор“ лигата.

54

-Мојата цел во иднина е да ги бранам боите на нашата репрезентација и секако на Вардар. Оваа сезона верувам дека јас и мојот тим можеме да стигнеме до многу посакуваниот златен медал во “Јуниор“ лигата.

Звонко Ивановски