Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо и Чупиќ: Ова не беше нашиот најдобар меч, но најважно е што победивме
Парондо и Чупиќ: Ова не беше нашиот најдобар меч, но најважно е што победивме

Парондо и Чупиќ: Ова не беше нашиот најдобар меч, но најважно е што победивме

Тимот на РК Вардар вечерва стигна до шесттата победа во СЕХА-лигата, откако на домашен терен ја совлада цврстата и квалитетна екипа на Нексе. После двата порази во ова натпреварување, избраниците на Парондо беа цврсто решени да се вратат на победите, тоа им успеа на крајот и во победнички ритам влегуваат пред неделниот дуел со Барселона. На прес-конференцијата после завршување на дуелот пред медиумите се обрати, Парондо кој го изјави следново:

-Најважното е што победивме и освоивме бодови. Не беше ова наш најдобар меч сезонава. Не е лесно да се  еден натпревар со ваков незгоден тим како Нексе, после тежок дуел со Брест Мешков, а пред мечот Барселона во недела.

Иван Чупиќ истакна дека победата е најважна, иако овој состав може и многу подобро.

-Победивме, тоа беше најважно денеска. Знаевме дека играат агресивно во одбраната и дека се доста непредвидливи, ја менуваат дефанзивата. На крајот искуството беше доволно за дојдеме до двата бода. Мора да се поправиме, ова не е нашето најдобро издание.