Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Мишевски: Знаевме дека ќе биде тежок натпревар – Јагањац: Вардар го покажа вистинското лице и заслужено победи
Мишевски: Знаевме дека ќе биде тежок натпревар – Јагањац: Вардар го покажа вистинското лице и заслужено победи

Мишевски: Знаевме дека ќе биде тежок натпревар – Јагањац: Вардар го покажа вистинското лице и заслужено победи

Вардар врза две победи по ред за само неколку дена. После триумфот против Брест Мешков во ЛШ, избраниците на Парондо стигнаа и до триумф во СЕХА-лигата. Совладана беше екипата на Нексе со резултат 31:16, што беше вкупно шестта победа за црвено-црните. За официјалната страна на СЕХА-лигата, своите впечатоци од овој интересен меч ги споделија младиот Марко Мишевски и големото засилување на Нексе, Халил Јагањац.

-Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, со оглед дека Нексе е добар противник. Добро се подготвивме со оглед дека имавме малку време за тренинг, бидејќи во саботата игравме тежок натпревар против Брест Мешков. Сите сме задоволни од победата, тоа на крајот е најбитно, истакна Мишевски.

-Многу квалитетен натпревар од страна на двете екипи. Ние сме се бориле, пред мечот рековме одиме да играме против Вардар кој бил шампион на Европа. Дадовме се од себа за одиграме најдобро против нив, но нажалост Вардар докажа дека е подобар. Ние немавме малку среќа со тие одбиени топки, но морам да потенцирам дека Вардар заслужено победи после двата порази во СЕХА-лигата. Одиграа во комплетен состав и го покажаа своето вистинско лице, изјави Јагањац.