Во четврток со почеток од конференциската сала на спортскиот центар Јане Сандански, РК Вардар ќе одржи прес-конференција за мечот против Киелце, во Лигата на Шампионите. Истата ќе започне од 12:00 часот.
Натпреварот против Киелце ќе се одигра во сабота во С.Ц. Јане Сандански, со почеток од 17:30 часот, тоа ќе биде последен дуел во ЛШ за оваа календарска година. Со евентуална победа, црвено-црните ќе се искачат на второто место на табелата во најсилната група А.