Во четрток нашиот ракометен шампион го игра првиот натпревар во новата година. Во рамките на СЕХА-лигата во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Нексе. Ова воедно ќе биде и последен меч на црвено-црние пред домашната публика во ова натпреварување. По тој повод Вардар во вторник ќе одржи прес-конференција на која ќе ги сподели очекувањата за овој натпревар. Истата ќе се одржи во вторник од 12 часот во конференциската сала на Јане Сандански.
Натпреварот со Нексе ќе се одигра во четврток со почеток од 18 часот.