Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки му нанесоа пораз на Будуќност во нивната неосвоива тврдина и се зацврстија на првото место во новоформираната група

Вардарки му нанесоа пораз на Будуќност во нивната неосвоива тврдина и се зацврстија на првото место во новоформираната група

Вечерва во салата во Морача се одигра првото коло од новоформираната група 1 во женската лига на шампиони. Вардарки успеаа за прв пат на теренот да противникот да слават победа и веќе може да се каже дека се пласирани во четвртфиналето.

Натпреварот со гол го отвори Јованка Радичевиќ за почетно водство, а Вардарки имаа предност и од 1:2, по што Будуќност за прв пат поведе со 3:2, со голот на поранешната ракометарка на Вардар, Итана Грбиќ. Во продолжение од мечот избраничките на Дејвис постигнуваат три последователни голови за да имаме два гола разлика (3:5) преку Лекиќ, додека Лејно стигнува до својата втора одбрана. Продолжи добрата игра на нашиот состав, кој во 13 минута со голот на Херем стигнува до највисоки пет голови разлика (5:10). Во тие моменти по 4 голови беа дело на Пенезиќ и Лекиќ, додека по еден зад името на Радичевиќ и Херем. По ова следи тајмаут кој го повика Драган Аџиќ. Тоа даде резултат и домашниот тим, прави серија од 4:0 за намалување на само еден гол негатива, а Вардар немаше одговор за разиграната Неагу која имаше половина од погодоците кои ги постигна екипата на Будуќност. По подолго време ја прекинуваме серијата на противникот и со голот на Човиќ поведуваме со 9:11. На пет минути пред крај имавме водство и од 13:16, но до истекот на првото полувреме, Будуќност постигна три гола и израмни на 16:16, резултат со кој се замина на полувреме. Неагу имаше 8 постигнати голови во овој дел од мечот.

Полсе долго време, избраничките на Аџиќ успеваат да имаат водство од 17:16. Лејно набрзина успеа да поврзе три одбрани, но тоа не искористуваат нејзините соиграчки. Во 37 минута, Будуќност за прв пат има предност од два гола разлика (19:17). Вардар лошо го отвори второто полувреме, противникот има највисоки три голови разлика, што беше причина за Вардаровиот тренер да побара тајмаут. Направивме неколку замени во нападот, тоа носи резултатот и со два гола во серија на Лакрабер го израмнуваме резултатот на 20:20. Нерешено беше и на десет минути пред крајот, кога резултатот на семафорот гласеше 24:24. Бомба на Пенезиќ за прв пат во вториот дел да имаме водство од 26:27, а ова беше и нејзин осми погодок. Лекиќ успева да постигне гол од невозможна позиција и да поведеме со 27:29, за Будуќност да нереализира напад, што ни овоможува да стигнеме до три голови предност (27:30). Херем само ја потврди победата, за конечен резултат од 28:31

Најефикасна беше Пенезиќ со 8 голови, додека Лекиќ беше стрелец на 7, а Лакрабер постигна 5. Голем удел во победата има и голманот Амандин Лејно. Остануваме на првото место во новоформираната гурпа 1, сега имаме 9 бодови, на второто место е ФТЦ со 7, додека со 6 бодови останува Будуќност на третото место.