Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро: Среќен сум што почнува сезоната, мојата цел е секогаш кога излегуваме на терен да победуваме
Писонеро: Среќен сум што почнува сезоната, мојата цел е секогаш кога излегуваме на терен да победуваме

Писонеро: Среќен сум што почнува сезоната, мојата цел е секогаш кога излегуваме на терен да победуваме

Утре вечер со почеток од 20:45 часот сартува новата сезона во СЕХА-лигата за актуелниот освојувач на ова натпреварување. Вардар „тежи“ вкупно пет трофеи во СЕХА-лигата, а од утре ќе ја започне мисијата за одбрана на трофејот. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува дебитантот во ова натпреварување, екипата на Пекинг Спортски Универзитет,  од Кина. Оваа сезона ќе гледаме поинаков систем на натпреварување, во кој екипите ќе бидат поделени во две групи од по шест екипи. Денес клубот одржа прес-конференција, на која присуствуваше новиот тренер, Давид Писонеро кој ги искажа своите очекувања за новата натпреварувачка сезона.

Среќен сум што почнува официјалниот дел од сезоната и што ќе биде во Скопје. Пекинг Универзитет е непознат тим. Сепак, после Супер Глоуб за нас е важно да го кренеме нивото и да почнеме да играме сè подобро. За играчите е добро да почнат во добар ритам и без разлика што ова е непознат ривал, наше е да одиграме најдобро што можеме и се надевам дека како ќе одминува времето ќе бидеме сè подобри”,

Во подготвителниот период, Вардар беше дел од турнир во Требиње, освојувајќи го истиот, како и на „Супер Глоуб Купот“ каде се закити со бронзениот медал. Писонери истакна дека не е задоволен од сите резултати, истакнувајќи дека негова цел е секогаш победа.

Не сум задоволен од сите резултатите досега. Мојата цел е секогаш кога ќе излеземе на терен да победуваме. Иако победата е најважна ова досега беа подготвки. Супер Глоуб е повеќе од обични подготовки, а можам да бидам задоволен од првото полувреме против Кил. За мене е многу важно да играме добро и како влегуваме во натпреварите. Од тоа можеме да сме задоволни, истакна шпанскиот стручњак.

Свои очекувања даде и десното крило, Данил Шишкарев кој со нетрпение го очекува стартот на сезоната.

Подготвени сме за новата сезона и со нетрпение го очекуваме стартот во СЕХА. Доста беше тренинзи и патувања на Супер Глоуб и на турнири. Овој противник го немаме гледано и многу анализирано, но за ракометот и за СЕХА е добро што натпреварувањето се шири и што ќе се игра и надвор од Европа. За секоја лига е добро да се шири вака и секако за нас е максимално важно. Сигурно ќе растеме како одминува времето. Во одбрана сме иста постава како и лани. Ни недостигаат некои детали, но со тек на времето ќе биде подобро. Имаме многу работи на кои треба да работиме во следниот дел од сезоната, а ние знаеме што и како треба да направиме”, вели Шишкарев.

Цената на билетите за овој дуел е само 50 денари.