Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гледајте го утрешниот дуел за само 50 денари, пренос на МРТ и Арена Спорт 2
Гледајте го утрешниот дуел за само 50 денари, пренос на МРТ и Арена Спорт 2

Гледајте го утрешниот дуел за само 50 денари, пренос на МРТ и Арена Спорт 2

Со натпреварот вечерва меѓу Војводина и Нексе започнува новата сезона во СЕХА-лигата, во која Вардар влегува како актуелен освојувач на ова натпреварување.

Утре вечер од 20:45 часот во С.Ц. Јане Сандански, Вардар ќе ја отвори сезоната во СЕХА, со дуел против екипата на Пекинг Спорт од Кина. Утрешниот натпревар ќе можете да го гледате во живо за само 50 денари, а картите можат да се набават пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански до пред самиот почеток на мечот. Сите кои веќе имаат набавено сезонски билети, исто така можат да присуствуваат на натпреварот.

Сите кои нема да бидат во можност да присуствуваат на утрешниот дуел, директен пренос ќе врши МРТ и Арена Спорт 2.