Најзвучното засилување на европскиот шампион ова лето, бразилецот Жозе Гиљермо де Толедо, поради повреда ќе го нема во дресот на новиот тим се до декември.
Толедо иако е во фаза на рехабилитација, не пропушта можност пред секој дуел да го најави мечот на неговиот нов тим и да ги бодри своите соиграчи. Бразилецот на својот Инстаграм профил ја најави сезоната во СЕХА која започнува за Вардар утре, а додаде и дека поради повреда ќе го нема во тимот.