Saturday ,21 September 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Играчите се подготвени, очекувам нова победа – Стоилов: Ова е многу битен дуел, кој мора да го добиеме ако сакаме да сме први во групата
Гонзалес: Играчите се подготвени, очекувам нова победа – Стоилов: Ова е многу битен дуел, кој мора да го добиеме ако сакаме да сме први во групата

Гонзалес: Играчите се подготвени, очекувам нова победа – Стоилов: Ова е многу битен дуел, кој мора да го добиеме ако сакаме да сме први во групата

Во сабота продолжуваат возбудувањата во лигата на шампионите за екипата на РК Вардар. Во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Целје. По повод овој натпревар клубот денес одржи прес-конференција на која очекувањата за овој дуел ги сподели тренерот Раул Гонзалес и капитенот Стоилов.

-Во пресрет на мечот со Целје сега ние сме на второтo место, бидејќи Рајн-Некар вчера славеше на дуелот против Брест Мешков. Ни претстои нов тежок дуел во кој ние сме фаворити, но секогаш кога играме со нив имаме доста проблеми да ги добиме натпреварите. Целје има многу добри играчи кои се опасност за противничкиот тим. Мора да играме добро во одбраната и да реализираме лесни голови од контри. Ова е лига на шампиони каде играат најдобрите екипи и тука нема лесен натпревар, секоја екипа сака да победи. Ние имаме добра шанса со сите победи до крај да го освоиме првото место и тоа треба да го искористиме. Играчите се подготвени и очекувам добар натпревар и нова победа со која ќе се вратиме на првото место.

Капитенот Стоилов повика на претпазливост пед овој натпревар, без оглед што три пати сезона го победивме следниот противник.

-Три пати сезонава се сретнавме со Целје и секогаш победувавме. Некој смета дека ова ќе биде лесен натпревар, но јас не се согласувам со тоа. Ова е многу битен дуел, кој мора да го добиеме ако сакаме да сме први во групата. Мора да одиграме добро, ние сме фаворити и треба тоа да го покажеме на терен“ пред нашата публика.