Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Дејвис: Сигурен сум дека можеме да ја продолжиме победничката низа – Кликовац: Цврста и агресивна одбрана е “рецепт“ за победа против Будуќност
Дејвис: Сигурен сум дека можеме да ја продолжиме победничката низа – Кликовац: Цврста и агресивна одбрана е “рецепт“ за победа против Будуќност

Дејвис: Сигурен сум дека можеме да ја продолжиме победничката низа – Кликовац: Цврста и агресивна одбрана е “рецепт“ за победа против Будуќност

По пауза од една недела нашиот женски ракометен шампион ќе ги продолжи натпреварите во главната рунда од лигата на шампиони. Будуќност е наш противник во ова коло, кој ќе гостува во недела со почеток од 17:30 часот во спортскиот центар Јане Сандански. Вардарки ќе ја “бркаат“ четвртата последователна победа против шампионот на Црна Гора, а втора за оваа сесзона. На првиот меч одигран во Подгорица, црвено-црните славеа победа која беше прва остварена на гостински терен. Денес клубот одржа прес-конференција за неделниот меч на која зборуваше тренерот Давид Дејвис :

-Во текот на целата недела работевме како и досега, напорно и ефикасно, како во сала така и во делот на следење на нивните претходни дуели. Повеќе пати имавме можност да играме со нив сезонава и сметам дека добро се познаваме двете екипи. Најголема опасност за нас ќе биде тоа што Будуќност ќе игра без притисок, а тоа може да претставува проблем за нас. Сепак ние имавме две недели добро да се подготвиме и сигурен сум дека можеме да ја продолжиме победничката низа. Очекувам дека нивниот тренер Аџиќ ќе подготви нешто со што ќе сака да нè изненади, се надевам дека тоа нема да му успеее, рече Дејвис.

Свое видување за овој натпревар даде и “столбот“ во нашата одбрана, Андреа Кликовац.

-Како што спомена нашиот тренер, во изминатиот период работевме многу напорно. Можам да кажам дека екипата е спремна да одигра уште еден натпревар како што знаеме и умееме. Што се однесува до самиот противник мислам дека тие се многу мотивирани да ни се реваншираат за поразот на нивни терен, но ние за тоа сме подготвени и знаеме како да одиграме во одбрана на нивната опасна бековски линија. Рецептот за нова победа против Будуќност е само агресивна и цврста одбрана и мислам дека победата нема да дојде во прашање.