Со триумфот вечерва против екипата на Пекинг Спорт започна новата сезона во СЕХА-лигата. Очекувано, црвено-црните стигнаа до висок триумф на отварање на сезоната, победувајќи со резултат 37:23. На прес-конференцијата пред медиумите своите впечатоци од мечот ги сподели тренерот, Писонеро, кој го изјави следново:
-Честитки до екипата на Пекинг Спорт која одигра многу добар натпревар. За нас не беше лесно, малку бевме нервозни бидејќи тоа беше нашиот прв официјален натпревар оваа сезона. Најважно беше што победивме и тоа што шанса добија младите играчи. Среќни сме со нашата победа и нашиот пристап кон натпреварот, истакна Писонеро.
Димитриоски беше еден од нашите најефикасни ракометари, постигнувајќи шест голови. Младиот играч одлично ја искористи шансата, заменувајќи го Дибиров.
-Среќни сме што официјално стартувавме со победа и го одработивме договореното. На овој меч шанса добивме шанса сите ние младите и ја искористивме, затоа што сакаме да покажеме дека не сме само резерви, туку и да учиме од колегите, од поискусните, рече Димитриоски.