Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес и Стоилов: Фаворити сме против ППД Загреб, но тоа мора да го потврдиме на терен
Гонзалес и Стоилов: Фаворити сме против ППД Загреб, но тоа мора да го потврдиме на терен

Гонзалес и Стоилов: Фаворити сме против ППД Загреб, но тоа мора да го потврдиме на терен

Нема многу одмор за екипата на РК Вардар која веќе утре игра нов натпревар и тоа во рамките на СЕХА-лигата каде на домашен терен го пречекува ППД Загреб. Со истиов противник веќе еднаш се сретнавме оваа сезона, кога на меч од лигата на шампионите славевме со резултат 28:21. Денес клубот одржа прес-конференција на која ги сподели очекувањата за утрешниот меч со шампионот на Хрватска. Тренерот на Вардар, Гонзалес истакна дека сме фаворити, но дека сепак ќе биде тешко да се освојат бодовите.

-На ред ни доаѓа натпреварот со ППД Загреб во СЕХА Газпром лигата. На претходниот наш дуел двете екипи играа натпревар со висок интензитет во лигата на шампионите. Ако се сеќавате ние немавме добар почеток и тие водеа со 3-4 голови. Можеби ние повторно сме фаворити за победа, но тоа мораме да го потврдиме на терен. Треба да бидеме добро подготвени, а имаме и проблеми со некои повредени играчи. Знаеме дека ова ќе биде навистина тежок натпревар.

Капитенот Стоилов истакна дека Загреб е познат противник и дека Вардар на секој натпревар оди на победа.

-Треба да играме со противник што ни е многу добро познат. Нашиот претходен дуел сезонава беше пред неколку седмици. Знаеме дека ја имаме фаворитската улога, што значи дека мораме да победуваме на сите натпревари пред домашна публика. Знаеме дека тоа нема да биде лесно, но тоа е наша обврска и верувам дека можеме да ја исполниме.