Friday ,03 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалес: Овде натпреварот беше фантастичен и за играчите и за гледачите – Стоилов: Шансите ги пропуштивме во Скопје
Гонзалес: Овде натпреварот беше фантастичен и за играчите и за гледачите – Стоилов: Шансите ги пропуштивме во Скопје

Гонзалес: Овде натпреварот беше фантастичен и за играчите и за гледачите – Стоилов: Шансите ги пропуштивме во Скопје

Вардарци не успеаа да ја поминат последната пречка на патот кон Келн. Веспрем беше противникот кој излезе како подобар во двомечот од четвртфиналето од лигата на шампионите. Црвено-црните непоразени заминаа од гостувањето во Унгарија, што е исто така голем резултат, против еден од најголемите фаворити оваа сезона за освојување на лигата на шампиони. Иако на моменти имавме предност која не носеше на завршниот турнир, во вториот дел Веспрем го сврте резултатот во своја корист и до крајот паметно одигра за конечен резултат од 30:30. На прес-конференција после завршување на мечот пред медиумите се обратија тренерот Гонзалес и Стојанче Стоилов.

-Честитки за Веспрем, мислам дека беа супер, подобри од нас во овој елиминациски круг. Честитки за тренерот, мислам дека прави одлична работа со овој тим. Мислам дека ние го загубивме четвртфиналето во Скопје, зашто таму не игравме добро. Овде натпреварот беше фантастичен и за играчите и за гледачите, за сите. Сакам да им се заблагодарам на моите играчи бидејќи тренирааа напорно и многу добро оваа недела, добро се подготвивме, но тоа сепак не беше доволно. Имавме шанса. Во првото полувреме бевме многу добри и во напад и со одбраната 5-1, а потоа имавме проблеми со Лекаи. Во последните минути тие беа подобри од нас и им посакувам сѐ најдобро, изјави Раул Гонзалес.

Нашиот пикер напомена дека сме одиграле многу добро на овој реванш натпревар, но дека шансата за нешто повеќе сме ја пропуштиле на првиот меч во Скопје.

-Честитки за Веспрем за добриот натпревар и за пласманот на Ф4. Шансите ги пропуштивме во Скопје. Нашиот пораз таму нѐ “осакати“ во борбата за Ф4. Одигравме многу добро на овој реванш, имавме шанси за Ф4, но тоа е спортот. Можеби следната година ќе стигнеме до посакуваната цел, рече Стојанче Стоилов.