Помладите пионери на фудбалскиот клуб Вардар забележаа победа на натпреварот со екипата на Шкупи. Црвено-црните беа подобра екипа на теренот, додека трите бода ги донесе Виктор Петкоски со удар од белата точка во 75 минута. Многу порано можеше да се отвори резултатот на овој натпревар, доколку имавме малку среќа откако Бојковски ја погоди пречката од голот на Шкупи и кога Астарџиев излезе очи во очи со противничкиот голман. Ова беше дуел од 17 заостанато коло, на кој со овие три бода сега се доближивме на лидерот на Работнички на само еден бод негатива. До самиот крај ќе се решава прашањето за шампион во оваа генерација, каде остануваат уште три натпревари за одигрување.
-Вчерашниот меч беше тврд и остар, но ние бевме подобри и тоа го докажавме со постигнатиот гол. Шкупи се покажа како цврст противник кој се држеше до самиот крај, ние имавме неколку шанси од кои за среќа ја искористивме последната и со тоа го добивме натпреварот. Оваа победа беше многу важна за нас и ние ќе ја атакуваме на сите три победи во наредните три кола. Исто така ќе очекуваме “кикс“ на Работнички, со што би ги престигнале со бодови и на тој начин би ја освоиле титулата, изјави Марио Илиевски за нашиот сајт.
Звонко Ивановски