Денеска нашиот кружен напаѓач Столе Стоилов го прослави својот 29-ти роденден. Иако Столе и целиот тим на Вардар беа во Унгарија на натпревар од ЛШ, сепак како и секој роденден семејството Вардар го прослави со собирање на сите играчи во салата за ручек во еден хотел во Будимпешта, на кој му приредија изненадување, со роденденската тората.
Роденденот на Столе ќе беше уште по убав доколку Вардарци денеска се вратеа од Унгарија со победа повисока од три разлика, но иако не победија, нашите играчи го оставија срцето на терен и одиграа еден одличен натпревар на жешкото гостување против Веспрем.