Четврта победа во СЕХА-лигата за екипата на Вардар, со која го задржува првото место на табелата. Пред својата публика, црвено-црните славеа во дуелот против екипата на Стеауа (27:21). На овој дуел шанса за настап добија и играчите кои имаа мала минутажа на дуелот со Монпелје. Гарсија Парондо одлично ја компонира екипа, а на прес-конференцијата изјави дека секој ја оправдал довербата.
-Ова е важна победа за нас. Се соочивме со добра екипа. Шанса добија сите да играат и сите ја оправдаа довербата. Можам да бидам задоволен. Ние на секој натпревар одиме за да обезбедиме победа, а ова беше навистина добар меч против одлична екипа која играше навистина цврсто и со голем интензитет. Сите играчи одработија на високо ниво така што го исполнија очекуваното.
Милосављев повторно го заврши натпреварот со двоцифрен број на одбранети удари. Голманот на Вардар истакна дека тимот ќе продолжи да победува.
-На нас како Вардар секој меч ни е важен и даваме максимум. Од натпревар во натпревар ќе играме сѐ подобро. Денеска добија сите шанса да играат и да го понесат товарот и други ракометари, и се надевам дека ќе продолжиме и понатаму да играме во добра форма и ќе продолжиме да победуваме”