Вардарци стигнаа и до четвртата последователна победа во СЕХА-лигата, откако вечерва ја победија екипата на Стеауа, дебитантот во ова натпреварување. Избраниците на Парондо триумфираа со резултат 27:21. Најдобриот гол на овој меч му припаѓа на бразилецот, Мораес Фереира кој со “шрауба„ постигна ефектен гол, на додавање од Поповски.