Во последното финале на турнирот Вардар, еден живот, една љубов, кај генерација родени 2002/03 година триумфираше екипата на РК Преспа. Третото место е за тимот на РК Кале-Кичево.
Во машкото финале кај оваа генерација се сретнаа екипите на РК Преспа и РК Шампион. Во првите пет минути се играше гол за гол на двете страни и доста израмнето. Првото одлепување го прави екипата на Преспа која во седмата минута поведува со 5:3. Сепак во десеттата минута, тимот на Шампион го израмнува резултатот на 6:6, по што следи нивна серија од три последователни голови, за прв пат една екипа да има три голови предност (6:9). Преспа не дозволува на противникто да избега резултатски, па во следните пет минути ја враќа серијата и го израмнува резултатот на 9:9. До крајот на првото полувреме, избраниците на Ангелковски го враќаат водството и на полувреме се заминува со предност на Преспа од 12:10. Екипата од Ресен го постигнува првиот гол и во второто полувреме и зголемува на 13:10. Во продолжение од натпреварот, Преспа имаше постојано водство, а најголема разлика достигна во 36 минута кога резултатот гласеше 18:12. Во следните пет минути се одржува оваа разлика на семафорот, по што полека се назираше победникот во оваа генерација. Во тие моменти Преспа беше многу блиску до триумф. Се помалку имаше време за избраниците на Чивлачки. До крајот само се зголемуваше водството за конечен резултат од 28:19
Во борбата за третото место РК Кале-Кичево беше поуспешна од екипата на Кисела Вода-Вардар 2. Се играше доста израмнет натпревар се до резултат 7:7, по што до крајот на првото полувреме, Кале направи серија од 3:0 и на одмор замина со водство од 10:7.Победникот беше решен на стартот на второто полувреме, кога екипат ана Кичево ја продолжи серијата и со нови осум последователни голови зголеми на 18:10. До крајот немаше неизвесност и Кале-Кичево триумфираше со 24:11.