РК Вардар закажа прес-конференција за мечот со Нексе во недела. Сепак пред истата беа донесени одлуки дека натпреварите против Нексе (СЕХА) и ПИК Сегед (ЛШ) се одложени на неодредено време. Стевче Алушовски затекнат од новонастанатата ситуација го изјави следново:
.
Се до сега тимот се подготуваше за натпреварот во недела, ова е хендикеп, во овој момент сме подобар тим од Нексе и во недела очекувавме да го потврдиме пласманот на Ф4 во СЕХА. Но, мораме да ги почитуваме насоките кои ги дава владата. И во Европа во овие моменти практика е играчите да бдат распуштени 4-5 дена. Веројатно и ние ќе се одлучиме на таков потег. Нашите тренинзи со 80% сигурност ќе бидат одложен. Лично сум изненаден и не знам што се случува- вели Алушовски.