Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес по мечот: Вардарци задоволни, Сабате – Сакавме, но не можевме

Прес по мечот: Вардарци задоволни, Сабате – Сакавме, но не можевме

По вчерашниот меч помеѓу Вардар и Веспрем се одржа стандардната прес-конференција на која присуствуваа тренерите на двете екипи и по еден играч од двата тима. За мечот Раул Гонзалез  тренерот на Вардар изјави:

Секогаш кога се игра против Веспрем, имаме добра мотивација, зашто за мене се најдобриот тим во свет, и многу ги почитуваме. Одигравме добро на овој меч, бидејќи имавме мотивација. После мечот со Металург имавме добра шанса да покажеме дека можеме да играме подобро. Милиќ одбрани многу, и имавме добар контра напад.

Вардаровиот голман српскиот инернационалец Страхиња Милиќ – Џамбо го изјави следново по победата на црвено-црните во ова СЕХА дерби:

Многу ни е важна оваа победа, пред се психолошки. Не чека меч со Загреб за неколку денови. Можеби на овие први два натпревари сезонава одигравме послабо одигравме во однос на тоа како тренираме. Можеме и подобро.

Кормиларот на гостите тренерот на Веспрем, Хавиер Сабате  разочаран од поразот на неговата екипа на пресот го изјави следново:

Вардар одиграа многу добро. Тие и лани беа на еден чекор до Ф4, но како се одвиваат работите сезонава исто така се меѓу фаворитите за Ф4, и за во СЕХА лигата исто. Играа добро во одбрана, агресивно. Имаа многу топки што завршија кај нив, и во контранапади. Ние игравме многу бавно, или можеби бидејќи Вардар играше добро во одбрана. Во второто полувреме одигравме подобро во одбрана, а во првото Карачиќ и Циндриќ не можевме да ги сопреме. Милиќ исто така беше фантастичен, бидејќи и во контра ги бранеше топките. Кога беше најпотребно бранеше добро. Сакавме, но не можевме. Ние мора да работиме многу подобро, и да покажеме колку напорно работиме. Им верувам 200 проценти на играчите. Мора да научат од овој натпревар.

Ставот на играчите на гостите го соопшти играч на Веспрем, Гарсија Угалде , тој за овој меч во регионалната лига изјави:

Можеби малку се залажавме со она како одигра Вардар против Мешков и Металург на првите два меча. Имавме поинаква слика, но Вардар одигра поинаку вечерва. Цело време бркавме негатива. Нашата одбрана не беше добра. Вардар е добар тим, и може далеку да стигне сезонава.