Sunday ,28 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Лајпциг го пополни останатото место во групната фаза на ЛШ каде ќе игра ЖРК Вардар

Лајпциг го пополни останатото место во групната фаза на ЛШ каде ќе игра ЖРК Вардар

Екипата на Лајпциг од Германија ќе биде последниот противник за Вардарки во групната фаза на лигата на шампиони. Ова е епилогот од квалификацискиот турнир, на кој во финалниот меч, Лајпциг беше поуспешен од екипата на Хипо. Резултатот на овој дуел гласеше 32:30. Најзаслужна за победа на Германките, беше полската репрезентативка Каролина Кудлач која постигна 9 гола.

Со овој противник игравме во сезоната 2014/15 и тоа во главната рунда, кога по една победа им припадна на двете екипи. Со Лајпциг ќе играме во рамките на второто и шесттото коло, додека покрај нив во групата се наоѓаат уште екипите на ФТЦ Будимпешта и Астраханочка. Сезоната во најголемото ракометно натпреварување ја отвараме со натпревар на домашен терен, против екипата на ФТЦ Будимпешта, меч кој ќе се одигра на 15-ти октомври.