Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Писонеро: Да бидеме искрени, не очекувавме да го загубиме овој натпревар во Запорожје
Писонеро: Да бидеме искрени, не очекувавме да го загубиме овој натпревар во Запорожје

Писонеро: Да бидеме искрени, не очекувавме да го загубиме овој натпревар во Запорожје

На прес – конференцијата по натпреварот тренерот на Вардар, Давид Писонеро, рече дека не очекувал да го загуби неговиот тим овој дуел и дека неговиот тим имал проблеми со одбраната. Шишкарев пак, изјави дека од сево ова добро е тоа што на наредните натпревари ќе бидат дополнително мотивирани.

„Во текот на првото полувреме не се чувствувавме како да ја играме нашата игра. За жал, имаше огромен број грешки. Имавме проблеми со одбраната. Да бидеме искрени, не очекувавме да го загубиме овој натпревар во Запорожје, иако овде очекувавме многу тежок натпревар. Настапот на Генадиј Комок се покажа како одлична основа за доверба на целиот противнички тим. Играчите на теренот го придружуваа прилично добро, и така Мотор Запорожје успеа” , рече Давид Писонеро – тренер на Вардар.

„Во одредени аспекти нашата игра денес беше навистина лоша. Поразот против Мотор Запорожје дојде неочекувано. Секако, би можеле да кажеме дека отсуството на некои клучни играчи имаа дел во овој пораз, сепак очекувавме да обезбедиме 3 бода на овој натпревар. Позитивно е што на нашите претстојни натпревари ќе бидеме екстра мотивирани”, рече Шишкарев.

Сега следен натпревар за „црвено-црните” е меч од ЕХФ Лигата на шампионите против Монпелје на гости во Франција следниот викенд.