Saturday ,20 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гонзалез и Кањелас: Среќни сме за победата, во Скопје не очекува тежок реванш
Гонзалез и Кањелас: Среќни сме за победата, во Скопје не очекува тежок реванш

Гонзалез и Кањелас: Среќни сме за победата, во Скопје не очекува тежок реванш

Вчера во Германија на гостувањето кај бундеслигашот Кил шампионот на Европа, РК Вардар успеа да победи на првиот четвртфинален меч во Лигата на Шампионите. Избраниците на Раул Гонзалез славеа со еден гол разлика 28:29, на нецела минута до крајот имавме негатива 28-27 и напад на противникот, но се одбранивме двапати и со головите на Дибиров и Македа направивме чудесен пресврт. За  впечатоците од овој дуел говорат Гонзалес и поранешниот играч на Кил,  вардаровиот бек Кањелас.

Среќни сме поради победата, јасно е дека е многу тешко да се игра во оваа сала. Кил има добар тренер и добри играчи, но ние почнавме многу добро. Одбраната во првото полувреме беше речиси перфектна, контранападите ни помогнаа. Во вториот дел имавме и малку среќа. Како и да е, ова беше само прво полувреме, Кил исто така има квалитет да слави на гостински терен во Скопје како што ние го сторивме тоа овде  – изјави Раул Гонзалез.

Среќен сум што победивме, имавме одлична игра во првото полувреме. Во вториот дел имавме големи проблеми и Кил се врати во натпреварот, но потоа реагиравме, се вративме и ние и задоволен сум како заврши се. На вториот натпревар во Скопје сѐ може да се случи, овој резултат не нѐ прави фаворити- изјави Кањелас.