Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Од вторник до четврток, Подгорица ќе биде домаќин на последниот турнир во регионалната лига, на кој ќе настапи и Вардар
Од вторник до четврток, Подгорица ќе биде домаќин на последниот турнир во регионалната лига, на кој ќе настапи и Вардар

Од вторник до четврток, Подгорица ќе биде домаќин на последниот турнир во регионалната лига, на кој ќе настапи и Вардар

Од вторник до четврток, Подгорица и екипата на Будуќност ќе бидат домаќини на последниот турнир во регионалната лига за оваа натпреварувачка сезона, на кој ќе настапат екипите на Будуќност, Вардар и Крим.

Веќе е познато дека црвено-црните го одбранија трофејот во ова натпреварување, со оглед дека имаат најмногу освоени бодови во регионалната лига. На осум одиграни дуели, вардарки имаат седум победи и само еден нерешен резултат и тоа против екипата на Будуќност, на претпоследниот турнир кој се одигра во Јане Сандански. Овие мечеви ќе бидат добра увертира за нашиот шампион, кој го очекува завршниот турнир во Будимпешта, каде во полуфиналето за противник го доби тимот на Ростов Дон од Русија.

Распоред на натпревари за последниот трнир во регионалната лига:

Будуќност – Вардар ( вторник 19:00 часот)

Вардар – Крим ( среда 17:00)

Будуќност – Крим ( четврток 11:00).

Токму во Подгорица ќе биде доделен трофејот и златните медали за екипата на Варар.