Вчера во рамки на регионалната СЕХА лига во еден тврд меч вардарци триумфираа со 25:24 на гостински терен кај екипата на ППД Загреб. Тренерот на вардарци Раул Гонзалез и најефикасниот во таборот заедно со Дибиров, Лука Циндриќ по крајот на мечот ги искажаа своите импресии од дуелот во Хрватска.
-Првото полувреме не беше добро за нас. Барем не како што очекувавме. За среќа во продолжението ја средивме одбраната и тоа ни донесе победа. Многу важна за самодоверба и оптимизам пред дуелот во Лигата на шампиони викендов- вели Гонзалез.
Циндриќ заедно со Дибиров беа најдобри стрелци, постигнувајќи по 5 голови.
-Многу тврд меч и секако дека сум среќен што победивме. Му честитам на Загреб, а ние се насочуваме кон мечевите во Лигата на шамлпионите-изјави Циндриќ