Најпријатното изненадување во пролетниот дел од сезоната во првенството на младинските фудбалски категории, се сигурно помладите пионери, или генерацијата родени 2002 година. Оваа екипа која ја предводи Сашо Тодоровски го заврши есенскиот дел од сезоната, убедливо на првото место на табелата, забележувајќи 13 победи и само еден нерешен резултат, кој се случи уште во второто коло, кога на гостинскиот терен на Алумина, одигравме без голови со екипата на Работнички. После тоа коло, не се најде противник кој може да им одземе бодови на нашите млади надежи кои делуваа супериорно и играа се подобро како одминуваа натпреварите. Еден од играчите кој беше најстандарден во овој состав беше десниот бек, Анатолиј Петејчук, играч без кој тренерот Тап-Тап не може да се замисли на таа позиција од теренот. Во следново интервју зборуваме со Петејчук, кој пред две години од фудбалската школа на Прилеп и преку “Јуниор“ лигата го засили Вардар.
-Нормално дека очекувањата беа да се видиме на прво место на табелата. Тоа и го постигнавме, но не беше толку лесно. За сето тоа сите заедно бевме нескромни давајќи го максимумот од себе. Постигнавме голем успех и пред се големо искуство. Самите резултати говорат за тоа како игравме во овој дел од сезоната, во која имавме дури 12 последователни победи, достигнување кое само со напорна работа и труд може да се оствари.
Новата сезона оваа генерација ја започна со Љупчо Марковски-Калц, кој беше предводник од клупата на помладите пионери, во првите три првенствени кола. После неговото заминување во ФК Скопје, должноста да ја води оваа генерација му беше доверена на Сашо Тодоровски, кој оствари голем успех и имаше 11 победи по ред со оваа екипа, а исто така ја внесе генерацијата и во полуфиналето на купот.
-Секој е добар на свој начин. Но мислам дека и покрај различноста која ја имаат сите тренери, замислата е еднаква кај сите- да се постигне најдобриот резултат. Дали би биле на истата позиција не можам да кажам, но гледајќи го тоа дека вложивме многу можеби и во тој случај би биле на првото место. Околу навикнувањето можам да кажам лично за себе дека без разлика кој е мој тренер, јас сум наклонет и стремен кон тоа да давам се од себе како и на тренинзите така и на утакмиците за да дојдеме до добар резултат заедно со тимот.
Добрите настапи во дресот на Вардар беа доволна препорака за селекторот на македонската репрезентација до 16 години, Марио Вујовиќ да го повика Петејчук во селекцијата, на контролните мечеви со Кипар. Тоа беше и деби во оваа селекција за младиот прилепчанец, кој треба да докаже дека повикот во националниот дрес не било случајност.
-Секој си има своја цел. Со повикот од селекторот на Македонската репрезентација јас до некаде и си ја постигнувам целта, но сепак е уште рано, ме чека тежок пат на кој треба да се изборам јас самиот со уште поголем труд.
-Бидејќи покрај дарбата што ја имаме не чека уште многу тешка и напорна работа. Горд сум што го носам дресот на репрезентацијата, исто така и благодарен на селекторот Вујовиќ кој докажа дека повикот од негова страна е резултат на добрите настапи во дресот на Вардар.
Тренерот или “магнет“ за трофеи, човекот кој успеа за три години во Вардар да освои дури шест трофеи, го прави посебен. Сашо Тодоровски или популарниот “Рап-Тап“ е на добар пат да ја донесе и оваа генерација на врвот во лигата, како и во купот на Македонија. Анатолиј не заборави да упати пофални зборови за својот стратег, истакнувајќи дека тој има голема заслуга за остварените резултати во првиот дел од сезоната.
-Како што кажав, од секој тренер учиме по нешто што е во наша корист, и секој е професионалец на свој начин. Според мене Рап Тап ја има заслугата за нашиот успех. Тој е голем мотиватор кој со неговата строгост и принцип има позитивно влијание на секој од нас. Многу е важно да ја имаш мотивацијата од тренерот, да ти укаже тогаш кога грешиш, а нормално и тогаш кога си постигнал добар резултат.
Пом.пионери продолжуваат напорно да се подготвуваат за пролетниот дел од сезоната, одигрувајќи голем број на контролни натпревари, за подигнување на формата, но и за одржување на победничкиот ритам и менталитет кој владее кај овие момци.
-По зимскиот одмор продолжуваме со секојдневни тренинзи, а и со победи на пријателските натпревари одиграни до сега. Во одлична форма сме и подготвени да стартуваме со исто темпо.
Во пресрет на пролетниот дел од сезоната, Вардар има 40 бодови, или 13 повеќе од екипата на Академија Пандев и 14 повеќе од Работнички. Во националниот куп сме меѓу најдобрите четири екипи.
-Се надевам дека ќе го оправдаме сето она кое го постигнавме до сега, а исто така се надевам на повторно заслужено прво место на табелата, и со оглед на тоа дека сме и полуфиналисти во купот на Македонија двојната круна е неизбежна за нас.
Звонко Ивановски