Tuesday ,21 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес! Душебаев: Играме пред нашите навивачи,а тоа е голема предност, Раул -Очекуваме поддршка од публиката
Прес! Душебаев: Играме пред нашите навивачи,а тоа е голема предност, Раул -Очекуваме поддршка од публиката

Прес! Душебаев: Играме пред нашите навивачи,а тоа е голема предност, Раул -Очекуваме поддршка од публиката

ggggggggggggggg

 

На денешната прес-конференција која заврши предмалку  за очекувањата на Вардар за дуелот со Кјелце  своите ставови искажаа шефот на стручниот штаб Раул Гонзалез и шпанецот Алекс Душебаев. Тие ги искажаа својте очекување од саботниот дуел со следниот противник во групната фаза од ЕХФ Лигата на шампионите. Вардар фанс ви ги пренесува изјавите за дуелот во групата-Б.

Во сабота играме меч од ЛШ против екипата на Киелце. Имаме добра ситуација, бидејќи сме на првото место во групата. Ова е многу важен натпревар за нас во продолжение од групната фаза. Повторно очекуваме поддршка од публиката и нашите навивачи. Играме со тим кој игра добар ракомет со врвен стратег, како Талант Душебаев. Ќе биде одлично ако победиме, треба да одиграме добро во одбраната и да ги спречиме нивните контра напади, преку крилните играчи. Ни е потребна агресивна одбрана, нивниот пикер Агинагалде знае да направи многу проблеми на противничката одбрана. Имаме повредени играчи, ќе тренираме денес и утре, па ќе одлучиме со кој состав ќе излеземе на терен- рече Гонзалес.
Интересен момент на дуелот е соочувањето на таткото и синот Душебаев, Талант ќе биде предводник од клупата на гостите, а Алекс една од ударните игли на црвено-црните. Алекс за овој дуел изјави:
Знаеме сите со каков противник ќе играме. Киелце е екипа која минатата сезона играше на завршниот турнир и го освои третото место. Ова ќе биде важен, но и многу тежок дуел. Сепак ние играме пред нашите навивачи и тоа е голема предност. Противникот е доста организиран, нивните акции се многу воиграни и тактички смислени. Битно е одбраната да функционира на потребното ниво, што не беше случај против Колдинг, изјави Алекс