Ниту резултатите од втората магнет снимка не беа позитивни за Рускиот лев бек во редовите на Вардар. Најверојатно сезоната за Деревен е завршена и нема да биде во можност да му помогне на тимот до крајот. На натпреварот со Рајн-Некар, русинот имаше незгодна повреда, поради која беше изнесен од теренот. Неговиот болен израз на лицето, не покажуваше дека се работи за лесна повреда. Првичните информации од првиот преглед беа дека му претстои пауза од само 3-4 недели. Сепак Деревен ги има скинато предните вкрстени лигаменти и ќе отсуствува до крајот на оваа сезона. Рускиот репрезентативец беше доведен како големо засилување за црвено-црните, кој дојде од екипата на Ч. Медведи, каде беше најдобар стрелец. Минатата сезона беше во изборот за најдобар млад играч во Европа. На оваа позиција ги имаме Горбок, Лацковиќ и капитенот Лазаров, кои ќе мораат да ја одработат оваа улога, без помошта од младиот Деревен.
Резултатите од лекарските прегледи не се многу позитивни ни за Столе Стоилов, кој има повреда на рамото. На последните 3 натпревари не бше во составот на Гонзалес. Информациите од клубот велат дека лекарскиот тим ќе одлучи дали врз Стоилов ќе биде направен хируршки зафат. Дополнително ќе се знае колкав период ќе биде надвор од теренот. Вардарци веќе во сабота ги очекува нов дуел во ЛШ, против тимот на Киелце. Нема многу време, екипата мора добро да се подготви за овој дуел, бидејќи со победа ќе се зацврстиме на првата позиција.