Вечерва се одигра првиот натпревар во рамките на 6 коло од групата Б, на ракометната лига на шампиони. Кристијанштад на домашен терен, беше подобар од екипата на Рајн Некар. Ова е резултат, кој секако оди во голема полаза на нашиот шампион. Бундес-лигашот имаше шанса со триумф, за момент да се искачи на првата позиција на табелата и да го истисне Вардар од тоа место. Сепак таков луксуз на Германците, не им дозволи Шведскиот првак кој можеби го одигра својот најдобар меч во групната фаза. Рајн-некар играше много лошо во обраната, нивниот голман имаше само 3 одбрани после првото полувреме, што беше клучно за конечниот победник. На одмор се замина со резултат 20:12.
Кристијанштад понесен од крилата на повторно одличниот голман Небојша Симиќ, го забележа вториот триумф во најголемото натпреварување. Мечот го заврши со вкупно 17 успешни интервенции и повторно беше меѓу најдобрите поедници во својот тим. Неговите соиграчи погодуваа од сите страни, во нападот беа предводени од Џамаили кој дојде како позајмен од Веспрем и од крилото Толбринг кои беа најефиаксни играчи во домашниот состав. Рајн-некар се обиде да се врати во игра во второто полувреме, највеќе што успеаа да направи е да се доближи на два гола негатива. Сепак гостите касно се разбудија, бидејќи до крајот останаа уште неполни две минути. Симиќ за да го потврди приматот “јунак“ на овој натпревар, брани удар на Германците кои имаа шанса за минус еден гол. Конечниот резултат гласеше 31:29.
Вардарци остануваат на првото место на табелата и имаат голема шанса во сабота со победа против Киелце да се одалечат од своите најголеми конкуренти за највисок пласман.